Најмалку 16 Палестинци загинаа во израелските напади во изминатите 24 часа врз источните делови на пошироката област на градот Кан Јунис, соопштија денеска палестинските здравствени власти во Појасот Газа.
Израелскиот напад дојде набргу откако Израел издаде нови наредби за евакуација на некои населби во и околу Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, најавувајќи нови напади и тврдејќи дека израелската армија „ги прилагодува границите на хуманитарната зона во Ал-Маваса за да ги задржи цивилното население подалеку од борбените зони“, пренесува Ројтерс.
Палестинските здравствени власти тврдат дека најмалку 16 Палестинци биле убиени во израелски тенковски напад врз населбата Бани Сухаила источно од Кан Јунис, додавајќи дека областа била бомбардирана и од воздух.
Палестинците, Обединетите нации и меѓународните хуманитарни агенции рекоа дека нема безбедно место во окупираната палестинска енклава.
Претходно овој месец, десетици Палестинци беа убиени во одделни израелски напади врз хуманитарните одредени зони во Ал-Маваса.