Властите на Буркина Фасо денеска соопштија дека 15 лица се пронајдени мртви откако биле киднапирани од џихадисти на западот на земјата.
Loading...
„Телата беа пронајдени вчера во селото Лингекоро, во провинцијата Комо“, изјави гувернерот на областа, Жан-Шарл Сом, додавајќи дека вооружени лица во неделата киднапирале 24 лица од два автобуса.
Жртвите имале прострелни рани.
Армијата соопшти дека во вчерашните судири со екстремисти на северот на Буркина Фасо загинале најмалку 13 лица, 12 жандарми и војници, како и еден цивил.
Буркина Фасо е цел на џихадистички напади од 2015 година. До денес, неколку илјади луѓе загинаа во насилството, а најмалку два милиони луѓе се раселени.