Најмалку 14 загинати во напад на камионски конвој во источна Сирија

Сподели со своите пријатели

Најмалку 14 лица загинаа во напад на камионски конвој на проиранската милиција во источна Сирија, недалеку од границата со Ирак, објави Сириската опсерваторија за човекови права (ОСДХ).

Loading...

Не е познато кој е одговорен за нападот што се случи синоќа во областа Букамал.

Сириската невладина организација соопшти дека цел на нападот биле камиони со оружје и цистерни со гориво.

Ирачката гранична служба соопшти дека цистерните со гориво биле од Иран, дека транзитирале во Ирак и дека дестинација им е Либан.