Најголемата нафтена компанија во светот со рекорден профит

Сподели со своите пријатели

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ го собори сопствениот рекорден профит, бидејќи во вториот квартал од оваа година оствари профит од 48 милијарди долари.

Loading...

Ова е зголемување од 90 отсто во споредба со истиот период минатата година и претставува највисока нето добивка на најголемиот светски извозник на нафта од 2019 година.

Во исто време, нето добивката на компанијата се зголеми на 87,9 милијарди долари во првата половина од годината.

Руската инвазија во Украина предизвика голем скок на цените на нафтата и гасот, потсетува Би-Би-Си, додавајќи дека Русија е еден од најголемите извозници, но дека западните земји се обидуваат да ја намалат зависноста од руските енергетски извори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

Покрај рекордната добивка, Арамко најави и дека ќе ги задржи дивидендите непроменети на 18,8 милијарди за третиот квартал.

Компанијата, исто така, најавува дека ќе продолжи да го зголемува производството за да ја задоволи побарувачката.

За потсетување, Шел неодамна пријави и огромен профит, на сметка на кој на своите вработени им вети бонус од 8 проценти.

Сепак, Британија реагираше бурно на овие податоци, со интензивни повици за зголемување на даноците за гасните и нафтените гиганти.

Loading...

Притоа, денеска Лабуристичката партија, една од двете водечки партии во Обединетото Кралство, повика на продолжување на данокот за нафтените и гасните компании за финансирање на замрзнување на плафонот на цената на енергијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Ограничувањето – максималниот износ што добавувачите може да го наплатат за просечна употреба – се предвидува да достигне 3.582 фунти во октомври и 4.266 фунти во јануари.

Лидерот на лабуристите, Сер Кир Стармер, рече дека доколку се усвои планот на лабуристите, просечното британско семејство ќе заштеди 1.000 фунти.

Владата објави дека ветила поддршка од 37 милијарди фунти за да им помогне на луѓето во текот на зимата.

Откривајќи го планот на неговата партија од 29 милијарди фунти за помош при зголемените трошоци за енергија, Сер Кир вели дека лабуристите „нема да им дозволат на луѓето да плаќаат ниту денар повеќе“ за зимско гориво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

Тој рече дека замрзнувањето на ценовната граница на сегашното ниво од 1.971 фунти годишно за типично домаќинство ќе ја намали инфлацијата за четири процентни поени. Инфлацијата – стапката со која растат цените – достигна 9,4% во јуни, што е највисоко ниво во повеќе од 40 години.

Банката на Англија предупреди дека инфлацијата може да достигне повеќе од 13 отсто подоцна оваа година.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.  

Loading...