Најдобриот трансфер аеродром во светот е во Истанбул

Сподели со своите пријатели

Ново истражување на воздухопловно-аналитичката компанија Цириум покажа дека најдобар „трансфер“ аеродром во светот е ИГА Истанбул, додека втор аеродром е Франкфурт, а трет Париз Шарл де Гол, пишува магазинот Conde Nast Traveler.

Loading...

Како дел од тоа истражување беше анализиран и бројот на директни дестинации со кои аеродромите нудат врски со други пристаништа во светот, во кои прв меѓународен аеродром е Истанбул, кој работи само шест години и стана мега центар за 309 директни летови до 315 дестинации, со опслужување на речиси 90 милиони патници годишно (од јануари 2024 година).

Аналитичарите посочуваат дека неговата локација, на раскрсницата на Европа и Азија, важна за меѓународно патување, во голема мера е одговорна за таквиот успех на тој аеродром, а неговите лидери посочуваат дека најбрзо закрепнале по пандемијата „Ковид-19“, достигнувајќи ја бројката на патници пред пандемијата пред кој било друг аеродром во светот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на иранските специјални сили го немаше со недели. Сега се појави во јавноста!

На второ место е аеродромот во Франкфурт

На второ место е аеродромот во Франкфурт со 296 директни дестинации до кои е поврзан, додека трет е парискиот аеродром Шарл де Гол со 282 дестинации.

Следат аеродромите во Амстердам Схипхол и меѓународниот аеродром во Чикаго О’Харе, кои се изедначени на четвртото место, со 270 директни дестинации, додека зад нив е аеродромот во Дубаи со 269 дестинации.

Топ 10 аеродроми

Во првите десет се и аеродромот Далас Форт Ворт (261 дестинација), Шангај Пудонг (243), Атланта Хартсфилд-Џексон (237) и аеродромот Леонардо да Винчи Фиумичино во Рим (234 дестинации).

Најголемиот британски аеродром Хитроу во Лондон, со оглед на неговата историја и отвореност од речиси 80 години и резултатите од сообраќајот, долго време беше еден од најдобрите светски центри, но според новото истражување се покажа дека најстарите аеродроми не се најдобри центри, така што Хитроу падна од осмото на 12-то место, додека аеродромот во Рим, отворен во 1961 година, е на 10-то место.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО доби ветувања од 700 милиони долари за буџетот

Многу прометен аеродром, исто така во Лондон, Гетвик е на 14-то место со 221 поврзани дестинации во светот.

Loading...