Најбогатиот Кинез за еден ден изгубил 3,6 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Најбогатиот Кинез во светот изгубил 3,6 милијарди долари за само еден ден, откако потонаа глобалните берзи кои го збришаа годишниот раст на акциите на берзите во Шангај.

Loading...

Основачот и претседател на конгломератот „Далијан Ванд“, Ванг Џенлин, изгубил 10% од своето богатство според Блумберговиот индекс на милијардери, пренесува агенцијата „Франс прес“.

Акциите на Шангајската берза вчера имале пад од 8,49%, што е најголем дневен пад од 2007 година, за да денес потонат уште за 7,63%.

И покрај вчерашниот губиток, Ванговото богатство од почетокот на годината е порасанато за 6 милијарди долари. Вториот најбогат Кинез, основач на „Алибабе Џек Ма“, вчера изгубил 545 милиони долари.

Кинеските власти пружија силна подршка на берзите во земјата откако клучниот шангајски индекс потона за над 30% во период од три недели во средината на јуни.

Пекинг во текот на викендот соопшти дека кинескиот државен пензиски фонд, кој на крајот на 2014 година имал 3,5 билиони јуани кон крајот на годината, прв пат почнал да купува акции на берзата, како најнов обид да го смират пазарот. Според документите кои ги има Државниот совет на Кина, локалните кинески пензиски фондови можад да издвојат 97 милијарди долари за стабилизација на кризата на берзите.