Најбогатиот човек на планетата стана бездомник

Сподели со своите пријатели

Американскиот милијардер, кој тежи дури 297 милијарди долари, го продаде последниот, седми имот во негова сопственост.

Loading...

Американскиот милијардер Илон Маск (50) го исполни ветувањето кое го даде минатата година и повеќе не поседува никаков недвижен имот! Иако вредноста на неговиот имот се проценува на дури 297 милијарди долари, тој нема своја куќа.

 

 

Преселба во Тексас

Сопственикот на компаниите „Тесла“ и „Спејс Икс“ кон крајот на минатата недела го продаде последниот, седми имот што го поседуваше.

Маск сега живее во монтажна куќа што ја изнајмува за 50.000 долари, лоцирана во селото Бока Чика во Тексас, недалеку од неговата компанија „Спејс Икс“, чие седиште минатата година го пресели во оваа држава за да плати помалку даноци.

Loading...

– Мојата куќа сега се наоѓа во Бока Чика и ја издавам од мојата фирма. Зарем не е супер – праша Маск во порака на Твитер.

Тој добил 30 милиони долари за луксузна вила во Силиконската долина, што е за 7,5 милиони помалку отколку што барал кога објавил оглас за продажба во јуни годинава.

 

 

Станува збор за куќа од 1912 година од речиси 1.500 метри квадратни, со седум спални соби, седум бањи, музичка соба, голема сала за танцување, коктел соба и голема библиотека.

Трпезаријата и просторијата за музика може да се поврзат со хидрауличен лифт по потреба. Маск претходно изјави дека сака да ја продаде оваа вила во Силиконската долина на големо семејство бидејќи е посебна сопственост.

Во порака на Твитер минатата година, ексцентричниот милијардер рече дека има намера да го продаде целиот свој недвижен имот:

Loading...

– Го продавам целиот мој недвижен имот. Нема да имам своја куќа – изјавил Маск. Објаснувајќи ја својата неочекувана одлука, тој рече дека сака да ги намали критиките кон него.

 

 

Чудно објаснување

– Мислам дека поседувањето голем број имоти го влече човекот надолу. Тоа е причината за нападите. Повеќето луѓе велат: „Еј, богаташ, види што поседуваш“. Кога немам недвижен имот, што ќе ми кажат – рече Маск во подкаст на Џо Роган минатиот мај.

Во тоа време, Маск поседувал седум имоти. Шест куќи се наоѓале во Лос Анџелес на неколку километри. Почнал да ги продава и за нив добил 144 милиони долари.

Се преселил во „контејнер“ – Сега живее во 34 квадрати

Loading...

Маск сега живее во монтажна куќа од 34 квадратни метри која личи на контејнер. Тој го изнајмува од својата компанија за 50.000 долари.

Иако е мал, тој е украсен со стил. Има посебно купатило, додека спалната, трпезаријата, кујната и дневната се поврзани. Повеќе е како студио. Изработен е од бетон и челик.