Сподели со своите пријателиПрекини на електричната мрежа се планирани за денеска на две локации во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Во период од 08:00 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат дел локалитетот „Пчински пат“, како и населбата Железничка станица. Утре во период од 08:00 до 15:00 најавени прекини има за дел од улиците „Ангел Дуцо“ и „6-ти Април“. Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа. 2018-01-09