Над 800 килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркетите во Чешка

Сподели со своите пријатели

Полицијата заплени 840 килограми кокаин, откриени во гајби со банани во супермаркети во два града во Чешка.

Loading...

Вредноста на дрогата се проценува на 81 милион евра, соопшти чешката полиција.

Вработените во супермаркетот во градовите Јичин и Рихнов над Књежној ја известиле полицијата откако пронашле сомнителна содржина во кутиите.

Полицијата соопшти дека пребарала и други места каде биле испорачани кутиите од истата пратка.

Медиумите објавија дека бананите пристигнале во Чешка од Колумбија.