Над 80 хектари шума изгоре во Малотино, пожарот е се уште активен

Loading...
Сподели со своите пријатели

Пожарот кој завчера го зафати селото Малотино во општината Старо Нагоричане е се уште активен утринава.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, повикувјаќи се на ТППЕ Старо Нагоричане, пожарот досега пеплосал околу 80 хектари деградирана шума, нискостеблеста шума, драка и сува трева.

Во гаснење на пожарот учествуваат самите пожарникари од Старо Нагоричане, а вчера имаа помош од два полициски хеликоптери, припадници на АРМ и МВР.

Во моментов се делува со грбни пумпи на месноста викана Китка.

Пожарот во меѓувреме преминал и на територијата на Република Србија, каде исто така се делува со грбни пумпи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајден 19-годишниот кумановец кој беше пријавен за исчезнат

ТППЕ Старо Нагоричане вчера доцна попладне интервенирале и на запалена сува трева во атарот на селото Арбанашко.

Никола Ивановски