Над 50 возачи викендов казнети во Куманово

Сподели со своите пријатели

Над 50 возачи во текот на изминатиот викенд биле казнети на територијата на Куманово поради непочитување на сообраќајните правила.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 52 возачи, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од казните, вкупно 34, биле изречени на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.

– 4 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 12 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирани возила, велат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанец натепал кумановец и му го оштетил возилото

Сообраќајните контроли, додаваат оттаму, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски