Над 250 учесници на Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово 2019“ (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Над 250 учесници од Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Колумбија, ќе бидат дел од тридневниот Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово 2019“ кој ќе се одржи од 16ти до 18ти јули на градскиот плоштад, а кој го организира Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ во соработка со Фондација за култура и спорт на Град Куманово, а со поддршка од Министерството за култура.

Loading...

Како што информираше Мирослав Крстевски, претседател на КУД „Панче Пешев“ на денешната прес конференција, настанот е во рамки на програмата за одбележување 500 години од постоењето на градот Куманово, а истиот на едно место ќе собере низа различни фолклори и култури.

– За изненадување е ансамблот кој е од Колумбија, Мангаларес, еден од најголемите градови, кој презентира многу од својата култура и традиција низ Европа и оваа година ќе имаме чест да го посетиме и учеството на овој голем ансамбл од Колумбија, истакна Крстевски.

Првата вечер ќе започне на 16ти јули со почеток во 18 часот кога сите учесници ќе продефилираат низ градот, по што од 19:30 часот ќе следува свеченото отворање и настап на учесниците.

Втората вечер ќе настапат седум културно-уметнички друштва, а рано наутро во нивна чест градоначалникот Максим Димитриевски ќе направи свечен прием за гостите, а потоа заедно ќе засадат дрво на градскиот плоштад.

Loading...

Фестивалот ќе заврши на 18 јули со настап на сите учесници, а на самиот крај едночасовен концерт ќе има и Ансамблот „Танец“.

Во случај на лоши временски услови, фествалот ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“

Leave a Reply