Речиси 20 лица загинаа, а најмалку 300 се повредени во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ја погоди провинцијата Западна Јава во Индонезија, соопшти локален официјален претставник.
Херман Сухерман, владин функционер од Сианџур, градот во Западна Јава каде што епицентарот бил земјотресот, изјави за МетроТВ дека до 20 лица починале во болница во областа.
#JawaBaratBreakingNews: Earthquake of 5.6 magnitude rocks Indonesia’s Java island; 20 dead, over 300 injuredhttps://t.co/VKa7zwNTRP…#Earthquake #Cianjur #JawaBarat #WestJava #Java #Indonesia #ViralVideo pic.twitter.com/Nbc1RQy8vW
— Asif Tintoiya (@TintoiyaAsif) November 21, 2022
„Според информациите што во моментов ги имам, само во оваа болница починале речиси дваесет лица, а најмалку 300 се на лекување. Повеќето имаат скршеници откако беа заробени во урнатините на зградите“, рече тој.
Националната агенција за катастрофи објави 14 смртни случаи.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 75 километри југоисточно од Џакарта, на длабочина од 10 километри, соопшти метеоролошкиот и геофизичкиот институт БМКГ, додавајќи дека нема опасност од цунами.
Земјотресот во понеделникот бил почувствуван неколку секунди во главниот град на Индонезија, Џакарта.
Earthquake of 5.6 magnitude rocks Indonesia’s Java island; 20 dead, over 300 injured#Earthquake #Cianjur #JawaBarat #WestJava #Java #Indonesia #ViralVideo #Indonesia pic.twitter.com/u40O1NxVVH
— Prateek Pratap Singh (@PrateekPratap5) November 21, 2022
Некои ги евакуираа канцелариите во централниот деловен кварт на Џакарта, додека други објавија дека слушнале како зградите се тресат и мебелот се движи, изјавија очевидци за Ројтерс.
Шефот на БМКГ, Двикорита Карнавати, им се обрати на новинарите во зградата на парламентот и ги советуваше жителите да останат на отворено во случај на последователни потреси.
Суко Прајитно Ади од БМКГ рече дека властите го проверуваат степенот на штетата предизвикана од земјотресот.
Американскиот геолошки институт (USGS) забележа земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала.
Sejauh ini Pusat Pengendalian Operasi (Pusdalops) BNPB mendapatkan sejumlah informasi dari beberapa daerah. Badan Penanggulangan Bencana Daerah (BPBD) Kabupaten Cianjur melaporkan, selain adanya korban meninggal dunia, empat warganya mengalami luka-luka. pic.twitter.com/SlocAk7cco
— BNPB Indonesia (@BNPB_Indonesia) November 21, 2022