Владата на Бахами соопшти дека во нејзиниот список се наоѓаат 2.500 исчезнати лица по ураганот Доријан.
Loading...
Сепак, додадоа дека е неопходно да се споредат списоците со лицата кои биле евакуирани или кои се во засолништа.
Карл Смит, портпарол на Агенцијата за управување со вонредни состојби во земјата, рече дека очекува списокот да се намали кога ќе завршат проверките.
Повеќе од една недела откако ураганот Доријан урна илјадници домови на островите Бахами и Абако, бројот на жртвите е 50 и се очекува да се зголеми.
Тимови за пребарување и спасување се уште се на терен и ги пребаруваат урнатините.