По повод 24 Мај – Ден на македонските просветители, во ОСТУ„Наце Буѓони “ денес по четврти пат се одржа технички саем ”Техносаенс 2015”.
На овогодиниешниот саем беа презентирани трудови, вештини и проверка на знаења кај деветооделенците од основните училишта кои се натпреваруваа со трудови од областа на информатика, програмирање, математика, физика, биологија, хемија, географија, екологија, историја и други природни науки како и изработка на презентација во IMPRESS, спортски активности (скок во далечина, атлетика и фрлање ѓуле).
[huge_it_gallery id=”54″]
Катерина Ѓорѓиевска, професор по машински предмети вели дека денешниот саем е од традиционален вид, со надеж за продолжување на традицијата.
– Оваа година имаме пријавено над 150 учесници со околу 70 ментори од сите основни училишта од Куманово кои ќе се натрепваруваат во многу дисциплини, природни науки, математика, физика, хемија, биологија и слично. Учесници ќе бидат деца од 8 -ми и 9 – ти одделенија кои се истакнати со своите трудови, со својата работа, а исто така дел од нив се талентирани во областа на програмитањето, изработуваат такви трудови, како и презентации во програмот Импрес. Исто така за спортот и спортските активности, како и секоја година има најмногу пријавени, над 60 учесници кои ќе се натпреваруваат во скок во далечина, трчање на 60, 200 и 800 метри, вели Ѓорѓиевска.
Како и секоја година, така и ова, предвидени се награди за 1, 2 и 3 – то место со врачување на дипломи, како и пофалници за останатите учесници и нивните ментори.
Стефан Тасиќ, ученик во ООУ “Кочо Рацин“ вели дека за денешниот саем има направено електростатички генератор, кој работи по принципот на електростатичка индукција.
– Генераторот е составен е од два диска кои се вртат во обратен правец. Може да се напојува електронски, затоа е ставен електромоторот или може механички да се движи. Се користи да се добива струја со висок напон. Машината беше направена пред една недела, а се` останато подготвивме за еден ден. Од овој натпревар имам високи очекувања, вели Тасиќ.
На самиот влез на училиштето беа поставени проекти на кои работат учениците од различните училишни струки.
Струката по медицина имаше поставен штанд на кој самите присутни можеа да видат како се вршат преврски, додека на машинскиот штанд беше поставена рачно направено роботска рака која работи на хидраулика.
На штандот на електро струката беше поставен TLC програмер кој прави симулација на квиз како на познатиот квиз ”Кој сака да биде милионер”