Над 1.000 мигранти загинаа во Медитеранот од почетокот на годината

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 1.000 мигранти загинале или се пријавени за исчезнати во централниот дел на Медитеранот од почетокот на годината, соопшти на интернет Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Либија.

Loading...

Според извештаите, потврдени се 421 жртва, додека 603 лица се водат како исчезнати од саботата, пренесува Анса.

Во истиот период на море се пресретнати и вратени во Либија 13.763 мигранти, од кои 12.220 мажи, 947 жени, 460 малолетни и 136 лица за кои нема податоци за полот, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Судот на ЕУ ги казни Гугл и Епл, ќе платат милијарди долари