На три места во Куманово гласањето во прекин

Сподели со своите пријатели

На три избирачки места во Куманово гласањето денеска е запрено, откако на две не работеле УБИГ апаратите, а на едно е изгубен печатот.

Loading...

Како што информираше денеска претседателката на Општинската изборна комисија Елизабета Стојковска утринава биле отворени 164 од 176 избирачки места.

Станува збор за избирачките места 1075, односно во Гимназија „Гоце Делчев“, 1100 во село Умин дол и 1090 во село Брзак.

– Три не беа отворени. 1075 од причина што УБИГ апаратот (апарат за отпечаток од прст), не беше во функција подолго од три часа, и покрај сите обиди да се донесат нови. Исто така и за избирачкото место 1100, додека во избирачкото место 1090, изгубен е печатот. На овие места според моите информации не е продолжено гласањето во текот на денот. Се чекаше одлуката на ДИК за прекин на гласањето и гласањето ќе биде повторено, изјави Стојковска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

На останатите места според неа гласањето се одвива тековно, а понекаде се јавуваат ситни проблеми со апаратите за отпечаток од прст, но тие недостатоци се отстрануваат или им се дава право на граѓаните да гласаат со лична карта и спреј.

Истите неправилности ги потврди и Државната изборна комисија на последната прес конференција.

Никола Ивановски