На Табановце е приведено лице барано за издржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден, поточно во 00,05 часот, на ГП„Табановце“ на влез во РМ, од страна на полициски службеници лишен е од слобода Н.А.(48) од Кочани, откако при проверка било утврдено дека лицето евидира по телеграма за издржување казна затвор во траење од 6 месеци за сторено кривично дело “тешка кражба”.

Loading...

Во 03,45 часот, лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.