Милијардерот Џозеф Лау, кој на аукцијата понудил рекордна сума од 48,5 милиони долари за дијамантот „Сина Месечина“ од 12,03 карати, го подарил на својата седумгодишна ќерка Џозефин.
Како што соопштуваат од аукциската куќа, куувачот овој дијамант го преименувал во „Сината месечина Зозефин“.
Исто така, Лау еден ден претходно за 28,5 илиони дилари купил голем розов дијамант од 16,08 карати на аукцијата во Женева и го нарекол „Слатката Џозефин“.
Ова не е прв пат милијардерод да купува ретки дијаманти за својата ќерка. Во 2009 година тој потрошил 9,5 милиони долари за друг дијамант кој го нарекол „Ѕвездата на Џозефина“.
Лау минатата годиан е осуден во Макао на пет години затвор за пдомитување и перење пари, но останал на слобода затоа што таа територија нема договор за изручување со Хон Конг, иако во двата случаи станува збор за кинески територии.