На Саркози ќе му се суди за финансирање на кампањата со пари од Гадафи

Сподели со своите пријатели

На поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе му се суди за афера поврзана со нелегално финансирање на неговата кампања со пари од Либија, објавија финансиските обвинители.

Loading...

Истражните судии наредиле судење на поранешниот претседател и 12 други осомничени, кое треба да започне во јануари 2025 година, пишува ДПА и пренесува Хина.

Саркози е обвинет за незаконско финансирање кампања, злоупотреба на јавни средства и поткуп.

Аферата со Либија се однесува на наводите дека парите за изборната кампања на Саркози во 2007 година дошле незаконски од режимот на тогашниот либиски лидер Моамер Гадафи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илон Маск или како имигрант од Јужна Африка го освои Вашингтон?

Куфери со пет милиони евра

Во 2016 година, сведокот рече дека на крајот на 2006 или почетокот на 2007 година донел неколку куфери со вкупно пет милиони евра во париското МВР, со кое тогаш раководел Саркози.

Конзервативецот, кој беше француски претседател од 2007 до 2012 година, од самиот почеток ги негираше обвинувањата.

Саркози со години се бори со француското правосудство поради различни обвинувања.

Во мај, апелациониот суд ја потврди неговата тригодишна затворска казна за поткуп и несоодветно влијание, од кои две години беа условни.

Loading...

Саркози најави дека ќе поднесе жалба.

Жалбениот процес поврзан со прекумерното трошење за неговата на крајот неуспешна кампања за реизбор во 2012 година треба да започне во ноември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Холандската полиција уапси 281 лице на забранет пропалестински протест

Саркози со првостепената пресуда за тој случај е осуден на една година затвор.