На Пентагон ќе му требаат уште 42 милијарди долари за купување оружје

Сподели со своите пријатели

На американското Министерство за одбрана ќе му бидат потребни дополнителни 42 милијарди долари во следната фискална година за да ја компензира намалената куповна моќ поради инфлацијата, предупреди здружението на производители на оружје.

Loading...

Значајната инфлација е голем предизвик за Пентагон и неговите илјадници добавувачи, покрај пандемската криза и проблемите во синџирите на снабдување, се вели во извештајот на Националната асоцијација за одбранбена индустрија (NDIA), кој ќе биде објавен оваа недела, како што е соопштено од Ројтерс.

Во фискалниот период од 2021 до 2023 година куповната моќ на Пентагон ќе биде намалена за повеќе од 110 милијарди долари поради инфлацијата, пресмета NDIA.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп го избра лојалистот од Флорида, Мет Гаец за јавен обвинител

Намалената понуда од воената индустриска база, зафатена од зголемените трошоци, може да го забави темпото на модернизација на американската одбрана во период на засилена конфронтација со Кина и војната во Украина.

Производителите на оружје го повикаа Конгресот да го олесни инфлацискиот товар на компаниите на кои Министерството за одбрана им доделува долгорочни договори со фиксна цена, притоа укажувајќи дека идните договори автоматски ги земаат предвид зголемувањата на цените.

Апелот на здружението се совпадна со поплаките од помалите производители на оружје со фиксни договори дека губат пари од таквите аранжмани поради недостиг на работна сила и зголемените цени на суровините.

Малите производители се важни за нормалното функционирање на индустријата за оружје, бидејќи тие се натпреваруваат едни со други и му помагаат на Пентагон да ги намали трошоците за набавка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија расте омразата кон странците

Истовремено обезбедуваат работници, клучни за одржување на водечката позиција на САД во најновите технологии.

Loading...

Инфлацијата влијаеше на договорите и во сите други сектори, но Пентагон поставува строги услови и е единствениот купувач, па компаниите не можат да преговараат за цените.

Затоа некои производители на оружје побараа промени во моделот за набавка со фиксна цена.

– За да се постигне зацртаната цел, клучно е во сегашното опкружување да се преиспитаат договорите со фиксни цени – нагласи потпретседателот на Парсонс Корп.Џај Спиви.

Извори од индустријата, сепак, предупредуваат дека не треба да се очекува помош при висока инфлација.

– Се сомневам дека оваа година ќе биде усвоено секторско решение кое целосно ќе ја компензира инфлацијата поради конкурентните интереси и изборната сезона – изјави Павел Чуџицки, шеф на одделот за воздухопловство и одбрана во адвокатската канцеларија Милер Канфилд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обид за напад на Врховниот суд на Бразил, осомничениот бомбаш пронајден мртов