На оваа свадба старосватиците, кумот и добар дел од гостите не се луѓе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Керолин Кирк Гришон не сакала големо венчавање ниту пак старосватици. Не сакала ниту да оди во црква, ниту да троши пари на скапа свадба. Сакала нејзиниот посебен ден да биде во природа, па затоа одлучила да се омажи во шелтер за животни SPCA во Северна Невада.

– Започна како шега, но на крајот тргнав по тој пат. Да се омажев во црква, не би било толку возбудливо, рекла 28-годишната Керолин.

Невеста се напила и не успеала да стигне на сопствената венчавка

Loading...

Новопечениот сопруг Камерон Гришон, како и Керолин, работи како волонтер во шелтерот.

– Не сме религиозни и мислевме кога веќе го правиме тоа во азилот да организираме нешто во тој стил. Зошто да плаќаме некого да ги организира свадба кога тие пари можеме да ги дадеме на шелтерот, вели тој.

Парот кој живее во Фалон, испланирал мала церемонија, а нивните родители и членови на семејството велат дека не ги изненадило тоа што венчавката била во шелтер за животни. Керолин и Камерон се запознале преку сајт и се вљубиле. Дури и веридбата ја направиле во азилот, пред околу година и половина, но ова било прво венчавање во тој објект.

Свадба од 5 милиони евра: Кога мама ќе ја плати се чекори по злато (видео)

Церемонијата е одржана во дворот во присуство на кучето. Десетгодишниот мешанец од лабрадор и ретривер Бадалу го носел прстенот. Керолин и Камерон самите направиле олтар за венчавка и други украси. Велат дека сега се надеваат дека повеќе луѓе ќе волонтираат и ќе донираат пари за животните. Сепак, Керолин истакнала дека никогаш не мислела дека тука ќе се венча, но и дека не размислувала за брак се додека не го запознала Камерон.

– Додека не го сретнав мислев дека ќе завршам како луда старица со кучиња. Кога започнавме да зборуваме за венчавка, јас започнав да размислувам за шелтерот како локација, истакнала Керолин.

https://youtu.be/MILWMFG62KM

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ПОРАЗИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ: Еве во која храна има најмногу пластика!

Leave a Reply