Индиан Крил или „островот на милијардерите“ има 24 куќи и 42 жители. Една е од најбогатите, приватни и најбезбедни заедници во Мајами Бич и во светот.
Високото ниво на приватност и безбедност е највисок приоритет на жителите на Индиан Крик кои ги чуваат полициските сили на државата Флорида, а околу островот патролираат вооружени поморски патроли.
Приватниот остров на кој живеат богати и познати е дом и на пејачот Хулио Иглесијас, како и многу светски инвеститори.
Куќите на островот ретко се наоѓаат на пазарот на недвижнини, но една вила изградена во медитерански стил се продава по цена од 24 милиони долари.
Вилата се протега на 3.000 метри квадратни и има осум спални соби, девет бањи и неколку теретани, како и приватен мол за кој сопственикот на тој луксузен дом може да го врзе својот брод.
фото: принтскрин Јутјуб