На Исланд му се заканува децениска вулканска нестабилност

Сподели со своите пријатели

Југозападниот полуостров на Исланд може да биде во повеќедецениска вулканска нестабилност, предупреди Исландската метеоролошка служба (ИМО).

Loading...

„По 800 години пауза, ерупциите на полуостровот Рејкјанес продолжија во 2021 година, што може да претставува нов еруптивен циклус“, рече Метју Робертс од ММО.

„Очекуваме вулкански ерупции долж целиот полуостров, не само на истото место. Оваа нестабилност може да трае со децении“, додаде тој.

Робертс и неговите колеги минатиот петок беа изненадени од реализацијата на силен проток на магма низ земјата.

Магмата се проби под Гриндавик како подземен товарен воз, рече Робертс.

Надлежните веднаш издадоа наредба за евакуација, а набрзо имаше земјотрес, се појавија дупки на патиштата и оштетувања на куќите.

„Градот ќе продолжи да тоне, штетите ќе бидат уште поголеми“, вели Робертс, а пренесува Би-би-си.

„Природата секогаш победува ако ерупцијата трае доволно долго“

Западниот дел на Гриндавик од минатиот петок потонал за повеќе од еден метар и продолжува да тоне со брзина од околу 4 сантиметри дневно.

Loading...

Доколку дојде до ерупција, може да дојде до значителна штета на локалната инфраструктура и ослободување на отровни испарувања.

Исланѓаните се навикнати на вулканска активност бидејќи живеат над Средноатлантскиот гребен.

Евроазиската и северноамериканската плоча се оддалечуваат една од друга, по неколку сантиметри секоја година.

Но, таква ситуација, односно евакуација на целиот град, немало во последните 50 години.

Експертите проценуваат дека магмата во областа на полуостровот Рејкјанес е околу 800 метри под површината.

Жителите можеби ќе треба да чекаат со недели пред да биде безбедно да се вратат дома.

„Не очекуваме експлозивна ерупција, иако тоа не е нужно добра работа. Ерупција со низок интензитет може да значи излевање на лава од низа пукнатини со недели и недели. Исланд се бори со пристигнувањето на лавата на различни начини, но природата секогаш победува ако ерупцијата трае доволно долго“, вели Робертс.