На Гевгелија спуштени рампи – низ село Табановце ”но пасаран” за мигрантите

Сподели со своите пријатели

Бројни поплаки и пораки стигнуваат на адреса на групата ”Help the migrants in Маcedonia” на социјалната мрежа Фејсбук, испратени од мигранти кои чекаат влез во Македонија, заглавени на преминот Евзони – Богородица помеѓу грчко – македонската граница.

Loading...

Мигрантите кои тврдат дека се групирани во бројка од 1000 луѓе, се жалат дека со денови не може да ја помината македонската граница, за да го продолжат својот пат кон граничниот премин Табановце, од каде се упатуваат кон Србија, а подоцна и кон земјите членки на Европска Унија.

10329047_1595385204061519_6113516376129829451_n

Во групата бегалци, се наоѓаат и многу деца, пишува во пораките, но, ние сме немоќни да сториме било што, велат бегалците.

Граѓанското здружение ”Цивил” денес на својата веб страна објави извештај во кој се тврди дека околу илјада сиријски бегалци биле тепани од полицијата, помеѓу грчкиот граничен премин Евзони и македонскиот, Богородица.

ЦИВИЛ Медиа, во телефонски разговор со Р.М., еден од бегалците, доби информација за тортурата која им ја врши македонската полиција. Тој вели дека при обид да влезат во Македонија, полицијата ги тепа.

„Ако некој проба да влезе во Македонија, полицијата го удира силно и го враќа назад. Било кој од нас да проба влезе во Македонија, го враќаат, откако ќе го истепаат. Има повредени луѓе тука и заглавени сме, немаме каде да одиме. Околу илјада луѓе сме блиску до Гевгелија“, ни изјави тој.

Од друга страна, Иво Котевски, портпарол на Министерството за внатрешни работи на РМ, вели дека МВР постапува согласно на законите.

Loading...

„Имаме засилен притисок од јужната страна од страна на илегални имигранти кои сакаат да преминат во Македонија. Ние ги преземаме сите законски мерки и обврски кои што ги имаме. Лицата кои ќе успеат нелегално  да преминат во Македонија ќе бидат третирани согласно законот за азил“, вели Котевски.

11664867_1595384314061608_1028514013_o

Во меѓувреме, денес во Болницата во Гевгелија, Сиријка на свет донесе машко дете, родено како апатрид. Таа заедно со својот маж, во деветиот месец од бременоста, чекајќи на граничниот премин, добила болки од каде била упатена на породување во Гевгелија.

Од друга страна, бројните активисти и волонтери кои веќе две недели и повеќе им помагаат на бегалците ширум Македонија, јавуваат дека ситуацијата не е ништо подобра и на граничниот премин во Табановце, каде локалните жители на своја рака го забраниле поминувањето на бегалците на српска страна, по што, приморани да ја напуштат Македонија, мигрантите повторно се враќат кон липковските села Лојане и Ваксинце од каде се упатуваат кон прешевското село Миратовац.

Мерсиха Смаиловиќ, член на НВО ”Легис”  вели дека од донесувањето на измените на Законот за азил и привремен престој во РМ, бројот на  издадени потврди мигранти значително се намалил, но, се уште останува нејасно зошто бегалците со денови се држат на граничните појаси, ако се земе во предвид дека нивните патишта не завршуваат во Македонија.

– Тоа што дивиот премин во Табановце е своеволно затворен од локалните жители на селото, упатува на тоа дека нема да биде чудно, самата ситуација да изроди нов ”Али Баба” во селата Лојане и Ваксинце. Нам како граѓански активисти не ни останува ништо друго освен да го чекаме исходот од агонијата наречена ”долгиот пат на издржливост”, вели Смаиловиќ.

Граѓанските активисти и членови на НВО ”Легис” , додава Смалиловиќ, секојдневно носат вечера и храна во прифатните центри во Гази Баба и Визбегово како и ланч пакети кои се дистрибуираат на Железничката станица во Скопје, така помагајќи им на бегалците да имаат лесни пости во времето на светиот месец Рамазан.

На двата гранични премини, се уште нема поставено шатори, т.е мали прифатни центри за бегалците во кои ќе им се понуди сместување и медицинска помош од страна на УНХЦР и Црвен Крст по примерот на соседните држави.

Loading...