На 81. година ја запознала својата 104-годишна мајка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Осумдесетгодишната Ајлин Мекин од Ирска изјавила дека никогаш не била посреќна од моментот кога ја запознала својата мајка, која сега има 104 години.

Loading...

Ајлин Мекин ја започнала потрагата по својата мајка кога имала 19 години, а минатата година стапила во контакт со радио-станицата „RTE Livelin“ за да помогне да се пронајде нејзината мајка. На домаќинот Џоу Дафи му ја раскажала својата приказна.

Кон почетокот на годината и се јавил експерт за утврдување на потекло, кој ја известил дека ја пронашол нејзината мајка во Шкотска.

Имајќи ги предвид нејзините години и веројатно возраста на нејзината мајка, веројатноста за повторна средба била минимална, но Мекин не престанала да се надева. Откако се појавила на радио, експертот за утврдување на потекло и понудил да и помогне да го оствари својот, наизглед, невозможен сон.

Собрале доволно генетски сложувалки за да ја пронајдат жената која Мекин ја барала. Можеби е уште поневеројатно што била жива. Нејзиното име е Елизабет и таа неодамна го прославила 104от роденден.

Добила ран и неочекуван роденденски подарок на 11 април, кога нејзината првородена ќерка ја посетила во куќата која ја дели со еден од своите двајца синови.

– Заминав со својата ќерка и маж, тропнав на вратата и на господинот кој ги отвори му кажав дека сум од Ирска и дека сум ја пронашла мајката која сум дошла да ја запознам, рекла Мекин.

Жената која толку долго ја барала седела во дневната соба, а Мекин се доближила и објаснил дека дошла од Ирска за да ја види.

Loading...

– Родена сум во Ирска, беше воодушевена, не ми ги испушташе рацете и силно ме прегрна, рекла Ајлин.

Фото: Твитер принтскрин

Leave a Reply