На 5-ти октомври пензионерите со 621 денар повисока пензија

Сподели со своите пријатели

Пензионерите во Република Македонија од 5ти октомври ќе добијат покачување на пензиите, а следната година во јули ќе има повоторно покачување за 5%, исто како и кај примателите на социјална и постојана парична помош, беше соопштено на заедничка прес-конференција го соопштија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политка Диме Спасов.

Loading...

Како што беше соопштено, Владата на последната седница ги усвоила измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за социјална заштита со кои ќе се овозможи дав се реализира зголемувањето на пензиите и социјалната и постојаната парична помош за 5 отсто и следната година. Со овие зголемувања бенефит ќе имаат 335.000 граѓани, односно 300.000 пензионери, 30.000 корисници на социјална парична помош и 5.000 корисници на постојана парична помош.