МЗ: Со кампањата ,,Од врата до врата” вакцинирани над илјада деца за пропуштени рутински вакцини

Сподели со своите пријатели

Над илјада деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација „Од врата до врата“.

Loading...

Кампањата почна на 24 април 2023 година и се спроведуваше вкупно четири недели, како дел од европската недела на имунизација 2023 година, со финансиска поддршка од ЕУ.

Вкупно се посетени 3.373 семејства, заедници и собиралишта на лица во повеќе од 200 урбани и рурални средини. Во рамки на кампањата, одржани се едукативни разговори и предавања и поделени се над 6.000 материјали за рутинска и вакцинација против Ковид-19.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Битола ги повика граѓаните да се придружат во борбата за менување на владеачката структура

Во теренските посети беа вклучени 30 медицински тимови, со цел презентирање на бенефитите од имунизација, како и администрирање вакцини против Ковид-19 и рутинска вакцинација.