Во текот на изминатото деноноќие вкупно биле издадени 1.817 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Најголем број од нив се деца, и тоа 756 деца со придружба на родители или старатели, како и едно дете без придружба. Останатиот дел од потврдите биле издадени на 670 мажи, и 390 женски лица.
Според државјанството, најмногу потврди биле издадени на државјаните на Сирија – 826, потоа на 641 државјанин на Авганистан и на 392 државјани на Ирак, со што бројката од почетокот на годината до сега се искачи на 74.690 потврди.
До Секторот за азил во последното деноноќие не биле поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.