Во текот на изминатото деноноќие вкупно биле издадени 1.782 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Повторно станува зброј за најголем дел деца и тоа 757 со придружба на родители или старатели, како и 10 деца бегалци без придружба. Останатиот дел од потврдите биле издавани на 625 возрасни мажи, како и 390 жени.
Според државјанството, најмногу потврди биле издадени на државјаните на Сирија – 948, потоа на 442 државјани на Авганистан и на 392 државјани на Ирак, со што бројката од почетокот на годината до сега се искачи на 65.184 потврди.
До Секторот за азил во изминатите 24 часа не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.