Во текот на изминатото деноноќие, на ПТЦ Гевгелија издадени се потврди на вкупно 1.988 странски државјани, јавува Министерството за внатрешни работи.
Најбројни за добивање потврди биле државјаните на Сирија –1.269, Авганистан–435 и Ирак-284.
Инаку од почетокот на годинава заклучно со вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 33.617 странски државјани.
Во тој период до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.
Loading...