МВР вели дека се работи за разбивање на група – се шпекулира и за загинати лица

Сподели со своите пријатели

Полицискиот портпарол Иво Котевски во изјава за локалните медиуми во Куманово не даде никаква конкретна информација за тоа што се случуваше низ кумановските улици рано изутрина, со изјава дека е во тек координирана акција на МВР за разбивање на вооружени групи.

Loading...

Од друга страна, Албанците од општина Липково, поточно од село Слупчане се излезени на сред село, и не дозволуваат упад на некакви групи кои тенденциозно сакаат да направат проблем, велат во разговор со Кумановски Муабети, прашани за тоа што се случува во тој крај, откако албанските медиуми тврдат за акција и во село Отља.

Како што велат извори од селото, селаните веќе неколку дена воочиле непознати вооружени лица од Косово кои се шетаат по Карадак, но, не реагирале, односно, иако им била барана поддршка во некои села, истите наишле на отпор од албанското население затоа што не сакале да бидат дел од немирите кои ги најавувале вооружените групи.

Како што пренесува Либертас, две криминални банди од Косово се платени и донесени од пред некој ден во Куманово,за да прават оружани инциденти,за да се шири паника и страв меѓу жителите на овој град, повикувајќи се на дипломатски извори на Либертас.

Според Светлана Спасовска од одделението за реанимација од  Општа Болница во Куманово, во изјава дадена за Телма посочила дека на тројца од полицајците им била укажана лекарска помош, но сите се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје кој е под силно полициско обезбедување.

-Во раните утрински часови околу 5 часот беа донесени тројца полицајци од специјална единица повредени со прострелни рани во рамо, нога и во долниот предел на колкот. Сите се пренесени во Скопје, истакна Спасовска за Телма.

Се шпекулира и дека има загинати, но дали се работи за загинати полицајци или вооружени лица, се уште е непознато.

Leave a Reply