Вкупно 1.404 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање азил биле издадени на странските државјани во текот на изминатите 24 часа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Забележителна е скоро идентичната бројка на мажите бегалци и децата бегалци, односно од 1.404 потврди, 568 се издадени на мажи, 563 на деца придружувани од родители и 272 од женскиот пол, со што вкупната бројка на издадени потврди од почетокот на годината достигна 48.374 потврди.
Според државјанството лицата кои во изминатите 24 часа добиле потврди се од Авганистан – 545, Сирија – 508 и Ирак – 351.
До Секторот за азил во последното деноноќие поднесено е само едно барање за признавање право на азил во Република Македонија, со што бројката од почетокот на годината до сега изнесува шест лица баратели.