Во последното деноноќие потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил биле издадени на 1.031 лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Најголемиот дел од нив се мажи и тоа 489, 344 деца, а бројто на жените значително помал изнесува 198 лица. Гледано според државјанствата најбројни се државјаните на Авганистан – 441, Сирија – 436 и Ирак – 154.
Последните 24 часа до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, а од почетокот на годината тоа го сториле само пет лица.