Во последните дваесет и четири часа биле издадени вкупно 2.835 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, со што борјката достигна вкупно 44.062 потврди информираат од Министерството за внатрешни работи.
Бројката на издадени потврди на деца бегалци е најголема и изнесува 1.132, додека за мажите издадени се 1.048, а за жените само 655 потврди. Според државјанството пак најбројни се: Сирија – 1.597, Авганистан – 656 и Ирак – 582.
До Секторот за азил во последното деноноќие не се поднесени барања за признавање на право на азил, иако утринава во дневниот билтен на Регионалниот центар за управување со кризи стоеше иформација од Министерството за труд и социјална политика дека азил побарало 16-годишно момче.