МВР: Нови 2.258 регистрирани бегалци во ТЦ Гевгелија

Сподели со своите пријатели

Како што информира МВР, во текот на изминатото деноноќие, на ТЦ Гевглеија издадени се потврди на вкупно 2.258 странски државјани, од кои најбројни за побарани потврди се пријавиле државјаните на Сирија – 853,  Авганистан – 959 и Ирак – 446.

Во првите шест дена од 2016, издадени се потврди на вкупно 14.024 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија-6.043, Авганистан-4.913 и Ирак-3.068.

Во последното деноноќие, до Секторот  за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

 

Loading...

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.