МВР излезе со официјално соопштение за детонацијата во Куманово

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, ноќеска околу 04,30 часот, во Куманово на плоштад „Маршал Тито“, зад зградата бр.37, во близина на маркет „Тинекс“, вработен во агенција за обезбедување „НИКОБ“ во казино „Астра“, слушнал експлозија.

Loading...

Од страна на екипа од СВР – Куманово излезено е на лице место, при што забележан е кратер со неправилна форма (радиус 10см и длабок 3-4см) во канал за атмосферска вода.

Од детонацијата се скршени неколку прозори на зградата, на фасадата нема оштетување и нема повредени лица.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.