Мурињо по дуелот со Барнли: 6:1 или 1:0 најважно е освоени се трите бода

Сподели со своите пријатели

Тотенхем синоќа го совлада Барнли на гостински терен со 1:0 и стигна до третата победа по шест одиграни кола во англиската Премиер лига.

Loading...

Тренерот на Спарс, Жозе Мурињо е задоволен од победата исто како и по дуелот со Манчестер јунајтед којшто неговиот тим го доби со 6:1.

– 6:1 или 1:0 – тоа се три бода, затоа сум среќен, како по победата над Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“. Пред натпреварот реков дека ова не е меч за убав фудбал или игра за постигнување на многу голови. Предводникот на Барнли знае како да организира тим и да ги сопре најдобрите тимови. Пресреќен сум поради победата, бидејќи тоа беше типичен натпревар во кој лесно може да изгубите два бода, изјави Мурињо за Би-би-си.

Тотенхем е петти на табелата со 11 бода, два помалку од водечките Евертон и Ливерпул. зс/

2020-10-27 08:34:14, од Зоран Стерјовски

Leave a Reply