Мургаш – село со археолошки наоѓалишта од римско време

Сподели со своите пријатели

Мургаш е ридско село во Куманово, кое е богато со археолошки наоѓалишта, како доказ дека тука некогаш имало многу повеќе од денешните 11 жители.

Loading...

Каде се наоѓа Мургаш?

Селото е на 24 километри од Куманово и зафаќа површиа од 24 километри. Според последниот попис има 75 куќи кои се издигаат на надморска височина од 500 до 620 метри.

Има 517 хектари обработливо земјоделско земјиште, 514 хектари пасишта, но само 12 хектари шуми.

Во селото некогаш имало живот

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мургаш живееле 362 жители, сите Македонци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  28-годишник со тврд предмет ја претепал невенчаната сопруга

 

 

Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мургаш имало 416 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.

Loading...

По Втората светска војна селото броело 561 жител, а својот врв го имало во педесетите години на минатиот век. Потоа бројот нанаселение започнал да се намалува. Така во 1991 година имало 94 жители, а според пописот од 2002 година, 63 мештани.

Селото бргу се празни

Денес, според пописот од 2021 година, селото брои само 11 жители. Седум мажи и четири жени живеат во седум различни домаќинства.

Мургаш има само едно дете на возраст меѓу 15 и 19 години, и едно момче меѓу 20 и 24-годишна возраст.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз во веселата шума“ – новогодишна претстава на Театар Куманово

Најстариот жител на селото според пописот од пред две години, била жена со над 85-годишна возраст.

Село богато со археолошки наоѓалишта

Во Мургаш постојат две археолошки наоѓалишта кои дале редок увид во тоа како изгледал животот на овие простори низ историјата.

Станува збор за Витанова Башта и Грамади.

Витанова Башта е средновековна црква и некропола. Во долот, непосредно до селската црква се откриени темели и градежен материјал од помала црква и околу неа големи камени плочи од гробни конструкции.

Грамади или Мургашки лозја е населба од римско време. Се наоѓа на еден километар југоисточно од селото Косматец и  на исто толку одалеченост од селото Мургаш, на двете страни на долот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Седница на Локалниот совет за превенција по низата инциденти во Куманово

На површината има фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси, а биле најдени и монети.