Мулти Култи го најави саботниот голем настан пред платото на Дом на култура

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Центарот за меѓукултурен дијалог (CID) Kуманово го најави затварањето на циклусот на локални активности на младински центар “Мулти Култи” со настан што ќе се одржи на 12 декември пред Центарот за Култура “Tрајко Прокопиев”  во Куманово.

12316645_1125287237496605_5359590463773487000_n

Со овој настан, кој воедно е дел и од активностите кои беа спроведени по повод неделата на човекови права, Мулти Култи ќе го обележи крајот на проектот  МултиКулти Коцка- Простор за интеркултурна/етничка акција“.

Овој проект во траење од два месеци опфаќаше четири работилници: “Уметност од рециклирачки материјали”, “Драма”, “Физички театар и перформанс” и  “Човекови права и дебатирање”.  На настанот посетителите ќе имаат можност да ги проследат финалните резултати од работилниците, музика, претставата “Партија шах”, дебата, изложба и уште многу други активности. Учесниците на работилниците беа средношколци од сите средни училишта во нашиот град , а фасилитаторите исто така доаѓаа од Куманово и се работи за искусни младински работинци во своите области.

МултКулти е младински центар наменет за поддржување и реализирање на младинските идеи и ставови, нуди простор за изразување и надоградување на нивните капацитети и дава посебен акцент на подобрување на комуникацијата на млади луѓе од различни етнички групи, интеркултурна размена и толеранција. Основната цел на овој младински центар е да се воспостави основа за одржлива мултиетничка соработка со поттикнување меѓукултурно учење и комуникација меѓу децата и младите.

МултиКулти првпат беше отворен во 2010 година и понуди многу различни програми, активности и обуки за деца и млади од сите возрасти и сите етнички групи од нашиот град.  Локацијата на нашиот центар е Дивата Населба во Куманово и ние сме горди што и после 9ти мај децата од градот не престанаа да доаѓаат во центарот, да учествуваат на меѓуетнички проекти и да се дружат. Овој настан е доказ дека во Куманово 9ти мај не влијаеше на локалните меѓуетнички односи.

Проектот МултиКулти Коцка- Простор за интеркултурна/етничка акција“ е финансиран од УНДП (Програма за развој на Обединетите Нации).  Сите  активности   ги  користеа методите  на  неформално  образование и  беа двојазични.

Loading...