Муфтиството од Куманово со осуда за вандалскиот чин во Крива Паланка (видео)

Сподели со своите пријатели

Исламската верска заедница и Муфтиството во Куманово под чија надлежност припаѓа и градот Крива Паланка, најостро го осудува вандалскиот чин откако во текот на вчерашниот ден, група граѓани навлегле во импровизираната џамија и го искршиле целиот инвертар.

Loading...

Муфтиството како што пренесува порталот Куманова Сот, го осудува чинот и бара од надлежните органи брзо пронаоѓање на сторителите, и го осудува чинот на ширење верска нетолеранција што само ги поткопува меѓуетничките односи во Македонија.

Како претходница на вандалскиот чин, граѓани на Крива Паланка се собраа на м.в Соларски мост од каде преку протест го изразија своето незадоволство од изградба на нова џамија за потребите на муслиманските верници.

Кривопаланчани велат дека тие што сакаат да ја изградат џамијата немаат валидни документи и дека се против изградба на џамија во градот, со намера да испратат писмо до општинските власти и до инспекциите во кое ќе информираат дека градителите на џамијата ги немаат потребните документи за изградба на таков објект.

Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексов, во изјава за „Мета“ вели дека џамија нема да се гради затоа што мнозинството од населението во Крива Паланка е православно.

„Ромското население, во изнајмена канцеларија, направи импровизирана џамија и таму се молат, но официјално, во општината нема план да се изгради џамија во градот“, рече Алексов.