МТСП уверува дека пензискиот фонд е стабилен

Сподели со своите пријатели

Го демантираме и го отфрламе тврдењата дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во криза и државата доцни со исплатите кон банките.

Изминатите години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот на истите е континуиран и јасно забележлив. Трансферите кон ПИОМ се навремени и сигурни, дури и во време на Ковид пандемијата, кога започна првата предвремена исплата на пензиите.

Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и воведувањето на новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот пензиите пораснаа за околу 21 %. Првото усогласување во Септември 2022 година беше 6.8%, второто во Март 2023година – 8.4% и моменталната проекција за Септември 2023 година- најмалку 6 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  До 2035 година, во светскиот туризам ќе има 91 милион нови работни места

Ниту едно од овие зголемувања не ја загрози стабилноста на Фондот, ниту ја поремети редовната исплата на пензиите.

Тоа е јасен показател на посветеноста кон граѓаните и стратешкиот избор на донесени политики како и долгорочното планирање кое обезбедува стабилност на Пензискиот Фонд, но и сигурност на пензионерите.

Пензионерите се приоритет на Владата на Република Северна Македонија. Во овој владин состав се донесоа низа мерки за помош и поддршка на пензионерите, и трендот не сопира. Предлозите од пензионерите се на маса, се дискутира за истите и во најскоро време ќе продолжиме со промоција на нови мерки и пакети кои ќе осигурат достоинствен живот на пензионерите и понатаму.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  До 2035 година, во светскиот туризам ќе има 91 милион нови работни места

Министерството за труд и социјална политика апелира да не се креираат страв кај пензионерите и да не се манипулира со недостатокот на информации кои го имаат, а се со цел да се обезбеди масовност на протестите кои се политички обоени.

Итегрално соопштение: МТСП