Ракометарите на Куманово викендов забележаа пораз на гостински терен од составот на РК Прилеп во првиот меч оваа сезона.
На полувремето домаќинот имаше предност со 21-16, која успеа да ја одржи и задржи и во вториот дел од средбата, за конечно да впише прва победа со 38:31.
Најдобри стрелци кај Прилеп беа Никола Шипинкоски и Денис Шабановиќ со по седум постигнати гола, додека кај МРК Куманово, Наум Костов имаше осум, а Карим Мохамед Закариа даде шест гола.
Никола Ивановски

