„Бај пасот“ кој врши дополнителен дотур на вода за потребите на Куманово ќе биде исклучен поради санирање на дефекти.
– Поради потреба за отпочнување на сезоната на наводнување 2025 година, АД Водостопанство, Подружница Кумановско – липковско поле – Куманово, достави известување дека ќе го намали дотурот на сирова вода до Фабриката за преработка на вода поради санирање на дефекти и монтажа на шибер вентили. Дотурот на сирова вода ќе биде прекинат преку 4-та грана ( Бај-Пас), информираат од Јавното претпријатие „Водовод“
Ова е можно да доведе до намален притисок ли недоволен дотур на вода во градот.
– За време на изведување на планираните работи од страна на АД Водостопанство, Подружница Кумановско – липковско поле – Куманово, потрошувачите од повисоките делови на градот можно е да се соочат со намален притисок или недоволен дотур на вода, додаваат од Јавното претпријатие.
Според најавите, екипите на АД „Водостопанство, Подружница „Кумановско -липковско поле“ –Куманово ќе започнат со работа во понеделник, 5.5.2025 година.
– Ги молиме граѓаните за трпение, како и избегнување ненаменска потрошувачка на вода за цели за кои таа не е наменета, стои во соопштението на „Водовод“.
По завршување на планираните работи, како што се додава во соопштението, дотурот на сирова вода повторно ќе биде нормализиран.
Никола Ивановски