Можат ли убавата облека и дотерување да нѐ направат среќни? Психолозите го имаат одговорот!

Сподели со своите пријатели

Дали убавата облека и дотерувањето навистина можат да не направат посреќни? И, дали е можно да носите нешто убаво и да ја промените целата своја перспектива?

Loading...

Апсолутно да, вели др. Одри Танг, психолог и член на британското психолошко друштво.

Имено, д-р. Танг објаснува дека кога ќе се дотераме, одиме поинаку – и оваа промена на држењето на телото позитивно влијае на нашиот мозок.

 

 

– Никогаш не ја потценувајте моќта што ја имаат врз нас некои едноставни, „мали“ работи – рече таа, а психологот др. Сандра Витли додава дека ова е особено точно во ситуации како оваа во која сега се наоѓаме поради пандемијата, кога сме лишени од многу инаку вообичаени работи што нè прават среќни.

– Луѓето не можат вистински да излезат и да се забавуваат во моментов. но тие сепак сакаат да се дотеруваат наутро и да изгледаат добро – вели таа, посочувајќи дека ова е „начинот на кој многумина сега се обидуваат да „повикаат“ на малку нормалност за време на пандемијата.

Loading...

Двајцата психолози велат дека постојат многу начини малку да го подобриме нашето секојдневие, а покрај тоа што негуваме и носиме нешто што прави да се чувствуваме добро, тие споменуваат и смеење како еден од начините.

 

 

– Дури и попатната насмевка од минувач го подобрува нашето расположение – вели др. Витли.

Таа исто така рече дека една студија покажала дека ако ставиме прст помеѓу забите и „се насмееме“, мозокот нема да знае дали навистина се смееме или едноставно изгледаме така затоа што имаме прст помеѓу забите.

– Значи, можеме да го „измамиме“ мозокот за да разбудиме некои позитивни емоции, што само по себе го менува нашето расположение и предизвикува производство на ендорфин – објасни др. Танг.

 

Loading...

 

И, ако дотерувањето и убавата облека не се ваш „трик“, таа ве советува сами да пронајдете метод за да предизвикате лачење на овој „хормон на среќата“.

„Не мора секогаш да зависиме од надворешните стимули за да се чувствуваме добро, можеме да придонесеме сами за тоа, претежно со навидум неважни работи“, додаде психологот за Хаф Пост.