Во улога на Дедо Мраз, денеска моторџиите од клубот „Мечки“ ја организираа традиционалната манифестација „Дедо Мраз на мотор“ и однесоа новогодишни подароци во Дневниот центар за лица со посебни потреби.
[huge_it_gallery id=”271″]
Новогодишни пакетчиња и санитарен материјал потребен за нормално фунцкионирање на центарот, беа донирани од стотина „Дедо Мразовци“ на клубот „Мечки“.
[huge_it_gallery id=”272″]
Покрај членовите на кумановскиот мото клуб, во големата хуманитарна акција присуствуваа и нивните колеги од Скопје и Свети Николе.
Работиме на проекти, најверојатно проект за 2017 година ќе има нешто слично како лани, а оваа година проектот ќе се обработи во Хрватска и Босна со „Евро бајкер черити груп“ од Германија – изјави претседателот на клубот „Мечки“, Јовица Гиновски.
Инаку проектот „Дедо Мраз на мотор” се реализира по осми пат, а хуманитарната дејност на клубот се остварува во текот на целата година.
Членовите на мото клубот „Мечки“ се моторциклисти ентузијасти, кои се стремат мото културата да се искачи на повисоко ниво.