Мотоциклист удрил и тешко повредил ученик во Куманово

Сподели со своите пријатели

Мотоциклист вчера удрил и тешко повредил малолетно дете кое неговата мајка го носела на училиште во кумановската населба Карпош.

Loading...

Сообраќајната незгода, според очевидци се случила вчера на стотина метри од Основното училиште „Магдалена Антова“ кога мотоциклистот удрил, во како што раскажуваат читателите, прваче кое неговата мајка го водела за рака.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово велат дека во незгодата две лица се тешко повредени, малолетно момче и 38-годишник кој го управувал моторот.

– На 21.09.2023 во 13.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „100“ и „21“ во населбата Карпош во Куманово, мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Л.Р.(38) од Куманово, удрил во малолетен пешак, велат од кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја нападнал сестрата и нејзиниот малолетен син

Како што додаваат оттаму, во несреќата мотоциклистот и пешакот се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.

Никола Ивановски