Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишен мотоциклист од Свети Николе вчера бил тешко повреден при сообраќајна незгода на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 31.07.2022 околу 21.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на Граничен премин „Табановце“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(61) од с.Сопот, кумановско и мотоцикл „јамаха“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од А.А.(40) од Свети Николе, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По несреќата, А.А. бил пренесен во Општа болница Куманово, каде биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава беше излезноста во Куманово до 18:30 часот?

Никола Ивановски