Москва се бори со снегот – 70.000 луѓе во акцијата за расчистување

Сподели со своите пријатели

Властите во Москва соопштуваат дека успешно се справуваат со огромните количества на снег, најголемите во последните 100 години, кои го погодија главниот град на Русија викендов.

– Сите патишта се отворени, опремата и механизацијата се на терен. Од улиците се ичистени над 800.000 кубни метри снег, рекол заменикот на градоначалникот Пјотр Бирјуков.

Тој додава дека во акциите за чистење на снегот учествуваат 70.000 луѓе, заедно со различни видови механизација.

– И луѓето и техниката практично постојано се на улиците, а целта е да се исчисти центарот на градот, рекол Бирјков, а пренесува агенцијата „ТАСС“.

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

 

Тој додава дека се очекува температурите да паднат 19 степени под нулата и дека немало прекини во снабдевањето со вода и системите за греење.

Бирјуков додава дека се отстранети над 2.000 паднати дрвја и апелира жителите на Москва да не шетаат во парковите поради можност да паднат стеблата при натежнување од снегот, како и да не ги паркираат своите автомобили на такви локации.

Leave a Reply