Москва погоди два брода што превезуваа оружје и воена опрема за Украина

Сподели со своите пријатели

Руските вооружени сили со дронови погодија два брода со сув товар во морето источно од Одеса, објави денес руското Министерство за одбрана.

Како што е наведено во соопштението, беспилотните летала оштетија два товарни брода што испорачуваа оружје и воена опрема во Одеса и Черноморск, пренесува РИА Новости.

Руските вооружени сили продолжија со нападите врз украинските пристаништа и бродови што ги користат украинските вооружени сили.

Во пристаништето Николаев беа погодени воени товарни објекти, се додава во соопштението на руското Министерство.

Исто така, се известува дека системите за воздушна одбрана уништиле 295 украински беспилотни летала над руска територија во текот на ноќта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ги оцени средбите со Зеленски и Нетанјаху како позитивни

„Во текот на изминатата ноќ, од 20:00 часот на 28 јули до 8:00 часот наутро на 29 јули, силите на противвоздушна одбрана на должност пресретнаа и уништија 295 украински беспилотни летала со фиксни крила над териториите на Белгород, Брјанск, Воронеж, Калушка, Курск, Орјол, Ростов, Рјазанска област, Краснодарски крај, Република Крим, Република Чуваш, Република Татарстан и над водите на Азовското и Црното Море“, се наведува во соопштението, пренесено од Танјуг.